УСЛУГИ
ИНТЕРМЕДИКА

ОРДИНАЦИЈА ПО ОПШТА МЕДИЦИНА

Ординацијата по општа медицина се состои од два лекарски тимови и има склучено договор со ФЗОМ. Во склоп на ординацијата постои и дневна болница каде
пациентите добиваат соодветна грижа и терапија. Со цел да се згрижат изнемоштените или неподвижни пациенти
ординацијата по општа медицина нуди домашна посета.

ОРДИНАЦИЈА ПО МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ

ПЗУ Интермедика е овластена здравствена установа за вршење на дејноста од областа на Безбедност и здравје при работа. За здрав бизнис потребни се здрави вработени, за таа цел ПЗУ Интермедика располага со ОРДИНАЦИЈАТА ПО МЕДИЦИНА НА ТРУД која ги обезбедува сите услуги кои се од големо значење
за вработените и работните организации:
– Лекарски уверенија за државјанство
– Лекарски уверенија за вработување
– Претходни,периоднични и систематски прегледи на вработени
– Обуки за прва помош на вработени
– Учество во обуки за безбедност и здравје при работа
– Учество во Елаборати за проценка на професионални ризици на работно место.
Ординацијата по медицина на труд има капацитет за извршување на повеќе од 1000 прегледи на месечно ниво. Располагаме со соодветен стручен кадар и техничка опрема, а
со цел да им обезбедима квалитетна услуга на нашите клиенти и да ги задоволиме нивните барања располагаме со мобилни екипи низ целата територија на државата кои се соодветно опремени.

БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА

ПЗУ Интермедика располага со современа биохемиска лабораторија, која има капацитет да врши различни видови испитувања:

– Сите биохемиски анализи
– Микробиолошки испитувања
– Тумор маркери
– Хормони
– Електролити…
Вршиме постојана контрола на квалитетот на нашите резултати во и надвор од државата. Можност за земање на материјал за анализа во вашиот дом или на вашето работно место и можност за праќање на резултати по пошта или e-mail.

ДАЛИ ВЕ ИНТЕРЕСИРА НЕШТО ПОВЕЌЕ?

КЛИКНЕТЕ НА КОПЧЕТО ЗА ДА НЕ КОНТАКТИРАТЕ